Во Лазарат уништени над 65 тони марихуана

Албанскaта полиција ја продолжува акцијата во селото Лазарат,познато како фабрика за марихуана, но како што се чини им нема крај на запленувањата на дрога и оружје.

Полициската статистика потврдува дека во седумнаесетдневната акција запленети се и уништени над 65 тони марихуана, над 130 илјади стебла на марихуана и околу 500 парчиња разновидно оружје, уапсени се 37 лица заради напад со оружје врз полицајците, производство и продажба на наркотини средства.

Кривична пријава заработи и градоначалникот на Лазарат.

Полицијата заплени денеска и 32 килограми преработена марихуана  „во форма на чоколадо“, која полицијата ја пронашла оставена во пластична вреќа.

Исто така денеска се запленети и четири автоматски пушки, пиштол,2810 куршуми, два пакета со експлозив.

Контролата по објекти и на територијата на општината продолжува и понатаму. Коментирајќи ја акцијата на полицијата екс преседателката на албанскиот парламент, актуелна пратеничка од опозициската демократска партија, Џозефина Топали, изјави дека во Албанија постојат најмалку десет села како Лазарат. Таа ја постави дилемата зошто меѓу уаспените нема ни еден нарко бос и ја обвини власта за вмешаност во шверцот со дрога. 

02.07.2014 - 20:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега