Пожар во Свети Николе - уништени двасесетина хектари жито и винова лоза

Уништени дваесетина хектари жито, винова лоза и стрништа од пожарот кој попладнево го зафати пределот меѓу светиниколските села Ерџелија и Немањици. Тој беше успешно изгаснат од страна на 10 пожарникари од општината со две противпожарни возила и од вработените од компаниите лоцирани во близина како и жителите од селата кои кориестеа сопствена механизација со цел да не дозволат ширење на огнот на останатите површини од регионот.

Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев изјави дека на терен се екипи кои ги утврдуваат причините за пожарот, а исто така се прави и проценка на штетите на земјоделските култури.

Пожатрникарите апелираат земјоделците во Овчеполието да внимаваат како ги палат стрништата по завршената жетва на житните култури,  бидејќи, како што посочуваат во услови на високи температури огнот може може брзо да се прошири.

02.07.2014 - 20:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега