Научниците збунети – пластичниот отпад мистериозно исчезнува во океаните

Огромна количина на пластичен отпад полека исчезнува од површината на океаните, покажала новата студија. Но, што се случува со отпадот за научниците и понатаму е чудна мистерија.

По опширната студија, која е спроведена за влијанието на отпадот на водената површина, научниците заклучиле дека огромното количество пластика всушност исчезнува од површината на океанот. Претпоставуваат дека отпадот се разградува во океанот, но може многу да и наштети на природата и за нас мистериозниот екосистем“, изјавил коавторот на студијата Андрес Косар, еколог од Универзитетот Кадиз во Шпанија.

Инаку денешната доба на научници ја викаат и временска пластика. Имено денешното друштво произведува се повеќе таков материјал кој завршува на депониите, а планинската вода и река го носи во океаните. Така настанал и познатиот пластичен отпад во Пацификот кој достигна големина на Тексас.

Застрашувачки е податокот да според извештајот во 1970 година, дури 45.000 тони пластика завршуваат во океанот, а до сега производството на пластика е зголемено за пет пати.  

02.07.2014 - 19:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега