Неколку скопски села утре ќе останат без струја

Утре без електрична енергија  од 8 и 30 до 13 часот ќе останат корисниците од број 49 на булеварот „Трета Македонска Бригада“.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во периодот од 9 до 15 часот ќе останат и корисниците од улицата „1“ во село Мирковци, од 9 до 15 и 30 корисниците од селата Чучер и Сандево и во исто време корисниците од улицата „1“ во село Рашче.

02.07.2014 - 18:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега