Какви се опасности ни се закануваат од месото?

Месото е намирница која поголемиот дел од луѓето секојдневно го конзумираат. Па сепак многумина не знаат како треба да се однесуваат кон него, односно, како изгледа свежото месо, како се чува и како се подготвува. Невнимателниот однос кон него може да биде опасен по здравјето особено за време на летните денови. Научете некои работи кои никако не би смееле да ги правите ако сакате да го заштитите организмот од штетни и потенцијални опасни бактерии.

Купувањето на месо

Месото треба да се купува внимателно. Најдобро е да се избегнува она купечкото во пластични кутии затоа што не можете добро да го видите и помирисате. А тоа се вистинските знаци кои откриваат дали е свежо и во исправна состојба.

Миењето на месото

Поголемиот број на луѓе имаат навика да го измијат пред подготовка или пред замрзнување. Немојте тоа да го правите. Докажано е дека така само се шират бактериите низ кујната или низ вас. Миењето на месо е идеално за ширење на зарази, а и онака од водата не можете да ги отстраните штетните нечистотии.

Замрзнување на месото

За правилно да го замрзнете, најдобро е да подготвите ќесичка и од него да го истиснете воздухот. Така ќе го спречите исушувањето кое доведува до одредени процеси и создавање на непријатни мириси. Кога го замрзнувате месото од живината, отстранете ја кожичката и маснотиите, затоа што тие го скратуваат рокот на траење. Никогаш немојте да го замрзнувате месото кое е веќе одмрзнато, затоа што тоа е идеално за создавање на бактерии. Месото никогаш немојте да го држите подолго од шест месеци во замрзнувачот.

Суровото и печено месо во фрижидер

Суровото и термички обработено месо држете го одвоено од фрижидерот. Садовите во кои се наоѓаат прачињата месо, држете ги оддалечени едно од друго, затоа што може да се пренесат бактериите на термички обработеното месо, кое потоа можете да го изедете.  

02.07.2014 - 18:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега