Научниците открија древна планета во внатрешноста на Земјата

Тим на научници од Харвард можеби пронајдоа назнаки за постоење на делови од древна Земја во внатрешноста на нашата планета.

Студијата претставена на „Goldsmit“ конференција во Сакраменто тврди дека претходно необјаснивиот однос на изотопи во длабочината на Земјата би можеле да бидат ехо на древната Земја која настанала при судар на други небесни тела, за кои се проценува дека довеле до формирање на Месечината.

Според тврдењата на научниците, во прашање би можела да биде материјал кој настанал при постојан судир.

Они веруваат дека само дел од Земјата се стопил при самиот судар, и дека во длабочината на планетата се уште постои дел од древна Земја.

Научниците го проучувале односот на изотопите на благородните гасови во длабочината на Земјата во однос на изотопните гасови пронајдени бо близина на површината.

 „Се покажало дека постојат разлики меѓу односот на племенитите гасови во различни делови на Земјата и тоа е потребно да се објасни. Идејата за разорен судар на Земјата со друго тело со големина на планета која не безмалку ја растопила и хомогенизирала Земјата, е еден од предизвиците и идеите со кои сметаме дека е формирана планетата. 

Ако теоријата се покаже како точна, тогаш можеби гледаме делови од древна Земја, од времето пред сударот“, изјавил професор Суџој, Мукопадхај, кој бил на чело на истражувачки тим. 

02.07.2014 - 17:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега