Медиумите денеска ги добија дозволите за вршење радиодифузна дејност по дигитализацијата

Сите постоечки медиуми продолжуваат со работа по воведувањето на дигитализацијата, а денеска ги добија и дозволите за вршење радиодифузна дејност за телевизиските програмски сервиси преку дигитален терестеријален мултиплекс.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски потенцира дека дигитализацијата значи исчекор за професионализација на медиумските стандарди.

- Ниту еден од постоечките медиуми нема да згасне со процесот на дигитализација. Напротив, сите продолжуваат со работа со повисоки професионални стандарди, а имаме и еден медиум кој од регионален прерасна во национален. Македонија стана првата земја во регионот која го воведува дигиталниот сигнал од 1 јуни, што претставува значаен исчекор за професионализација на медиумските стандарди. Очекуваме медиумскиот сектор квалитативно да се развива, да поттикне нови вработувања, а истовремено медиумите да станат конкурентни на пазарот. Исто така, очекуваме поголема транспарентност во работењето на медиумите, рече во своето обраќање министерот Ивановски на доделувањето на дозволите.

Процесот на дигитализација почнува од сабота. Операторот ОНЕ технички е целосно подготвен за спроведување на дигитализацијата. 

ФОТО: Дневник.мк

најчитано сега