Нови плажи, шанкови,игралишта - Дојран станува привлечна туристичка дестинациja

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска престојуваше во работна посета на Дојран, каде изврши увид во градежните активности за уредувањето на градската плажа на Дојранското езеро. 

Во тек е уредување плажата, шанковите, игралиштата, просторот за деца, тоалетите и платформата на вода. 

Активностите треба да финишираат до средината на месецов, со цел подобрување на туристичката понуда на Дојран.

- Околу 15-ти јули ќе завршат градежните работи иако согласно договорот требаше да завршат до крајот на месецот. Јас повторно ќе дојдам и во наредниот период за да бидам во тек со работите бидејќи има доста отворени прашања кои  ги решаваме во од со цел Дојран да добие една одлична плажа која ќе донесе голем број домашни, но и странски туристи, рече Јанакиески. 

За десетина дена ќе стартува и изградбата на нова плажа и во Преспа. Јанакиески најави дека наскоро ќе биде објавен повик за проект и идејно решение за нова плажа во Охрид.

 

02.07.2014 - 15:28
Фото: 
elemturs
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега