Печурки на путер

 

Состојки
1 лажичка мелен црн бибер
1 лажица вегета
30 гр. путер
1/2 стар кромид
марула (2 листа)
масло за готвење (многу малку масло)
1/2 свежи шампињони (пола паковање)
4 чешниња лук
магдонос

Упатство

Се сецка кромидот на што поситни парченца.
Се додава во тавче со претходно загреното масло.
Се пропржува на тивка температура додека не омекне кромидот.
Потоа се додаваат претходно исецканите печурки. Истите потребно е да бидат исецкани на 4 дела, или доколку се многу големи – на 8 дела, се’ со цел да бидат месасти т.е да бидат покрупни отколку за пица.
Се пржат со кромидот додека не се смалат и не потемнат печурките. Во меѓувреме се додаваат зачините: вегетата, биберот, лукот.
Доколку е потребно, додека се пропржуваат печурките, за да не загорат, може да се додава по малку вода во тавчето.
На крај се додава путерот во тавчето и со него се промешуваат max 1 мин да не загори путерот.

Така припремени се сервираат на лист марула. Одозгора се додава малку магдонос.

Најубави се со форнарини и бело вино.

 

 

02.07.2014 - 15:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега