Го пронашле мртов во неговиот дом меѓу 46 змии
Во Штраублинг, рамантичниот баварски град, еден четириесетгодишен маж бил пронајдем мртов во својот дом меѓу 46 змии. Јавноста малку се смири откако надлежните служби успеаа да ги фатат сите змии и да ги стават во една станица за рептили во Минхен. Откако не се појавил седум дена на работа, неговиот работодоавач ја алармирал полицијата која провалила во неговиот дом и го пронашла неговото тело меѓу змиите. Меѓу нив имало и седум кралски питони и една анаконда. Денеска ќе биде извршена обдукција да се види причината за смртта и нападот на змиите. Сепак меѓу медиумите се шпекулира дека нема знаци дека човекот бил убиен или извршил самоубиство, туку едноставно умрел од природна смрт. Поради високата температура телото почнало да се распаѓа.