Ди Марија: Ги дадовме животот и душата за победа

Јунакот кој Аргентина ја пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, Анхел ди Марија изјавил дека тимот го дал животот и душата за победа над Швајцарија.

Аргентинците се мачеа во Сао Паоло 118 минути, кога конечно Ди Марија по додавањето од Лионел Меси постигна гол за минимална победа.

-Дадовме сè од себе и на крајот заслужено победивме бидејќи не се предававме. Мораме да продолжиме вака, ова е голема работа за нас, вели Ди Марија.

Аргентина во сабота игра четврфинале.

02.07.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега