Традицијата продолжува - македонските автомобили се враќаат уништени од Грција

Со почетокот на летната сезона, почнаа и оштетувањата на македонски возила во Грција.

Според МВР, битолчанецот Н.Б., на 26. јуни пријавил дека во Солун му била украдена предната регистерска табличка од неговиот автомобил „Пасат“. Битолчанецот не пријавил во грчката полиција.

-одинава во два наврати беа регистирани оштетувања на регистарски таблички на возила на македонски граѓани. Во првиот случај на ГП „Богородица“ евидентиран е оштетувања на регистарски таблици на патничко моторно возило марка „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Р.Т. од Битола, која пријавила дека на 21.04. во местото Лефкада, со црн спреј и се оштетени предната и задната регистарска таблица. А, во вториот случај, на 06.05.2014 г., лицето Х.Ц. од Скопје кој управувал патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во градот Солун му била оштетена со црн спреј предната регистарска таблица  и предната  десна страна од возилото, потсетуваат денеска од МВР.

Од овие случаи во грчката полиција е пријавено само за случајот на Лефкада, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за настанот.

02.07.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа