Нов закон за забрана на пцуењето - казната за пцовка 68.000 денари

Во Русија од вчера стапи во сила забрана на користење пцовки во филмовите, театарски претстави и книгите, согласно законот, кој е усвоен во мај оваа година, соопшти Кремљ.

Филмовите кои содржат пцовки и непристојно изразување ќе бидат забранети, а книгите со слична содржина ќе мораат да се продаваат во запечатени пакувања, на кои ќе има предупредување.

Театрите нема да можат да ги прикажуваат претставите со пцовки, а казната за непочитување на овие прописи е 50.000 рубљи (1.500 долари) за секој поединечен прекршок.

Руските медиуми јавија дека полицијата со помош на посебен софтвер „swear-bot“ вреден 25 милиони рубљи (околу 730.000 долари) ќе трага по пцовки на Интернет.

Се очекува дека тоа ќе биде проблем за системот, затоа што Русите се познати како многу креативни и инвентивни кога станува збор за пцовките.

Во рускиот речник  постојат 1.200 различни изрази за пцовки само за машкиот полов орган.

Рестрикцијата за пцовки и непристојно изразување ќе се однесува и на блогерите и недржавните медиуми.

02.07.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа