„Сонот го претвори во реалност“ - благодарница и пофални зборови за директорката на ФЗОМ

Она што пред 20 години за нас беше сон, денеска е веќе реалност, достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за нашите проблеми кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија. Ова на денешната средба со директорката, Маја Парнарџиева-Змејкова и нејзиниот тим го истакна Драги Лаушевиќ,престседателот на Управниот одбор на Здружението „Хемолог“. На средбата одржана во ФЗОМ присуствуваше и Цветанка Нацескa, почесен претседател на здружението. 

За посветеноста во подобрување на квалитетот на здравствените услуги за лицата со хемофилија, претставниците на Хемолог  и врачија благодарница на диркеторката на ФЗОМ, Маја Парнарџиeва-Змeјкова нагласувајќи дека создала атмосфера на доверба, почит и искена желба да се решат проблемите и да се одговори на потребите на лицата со хемофилија.

Парнарџиева-Змејкова им се заблагодари на претставниците на здружението за искажаната доверба и истакна дека правата на осигурениците се приоритет во агендата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Фондот и натаму ќе продолжи со практиката да остварува редовни директни средби со здруженијата на граѓани бидејќи цени дека тоа е вистинскиот пат да се изнајдат најдобрите начини за унапредување на квалитетот на здравствени услуги согласно современите медицински трендови. 

02.07.2014 - 11:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега