Стартува снимањето на филмот „Татко“ во Македонија

 

Во Охрид денеска ќе стартува снимањето на играниот филм „Татко“, чиј режисер и автор е Висар Морина.

„Татко“, преку уникатниот лик на Нори, 10 годишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесетите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност покажува екстремна длабочина, што ја издигнува над приказната на еден бегалец или политичкиот контекст на Косово.

Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио, Нико Филм од Германија и Круша Продуксиони од Косово. Зад реализацијата стојат повеќе национални филмски фондови како што се West German Broadcasting (WDR), Film und Medienstiftung (NRW), German Federal Film Board (FFA), Косовскиот Филмски Центар и Агенцијата за филм на Република Македонија.

На филмот работи интернационална екипа, во која секоја од земјите копродуценти е застапена со свои автори.

Еднонеделното снимање во Охрид се реализира и со поддршка од општина Охрид, Министерството за одбрана и Генералштаб на АРМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Капетанија на пристаништата Охрид, како и Агенцијата за филм. 

02.07.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега