Исповед: Кога почина брат ми дознав осум вистини за животот после смртта!

Авторката на книгата “Задгробниот живот на Били Фингерс“, Ени Кејган ни сама во почетокот не верувала во својот здрав разум кога слушнала како и се обраќа мртвиот брат.
Кога брат ми Били ме разбуди 3 седмици откако умре, опишувајќи ми што му се случило после смртта, мислев дека сум се поздравила со здравиот разум – напишала Кејган.
Неколку седмици после смртта и се обратил од “задгробниот живот“, а таа не верувала дека тоа навистина се случува, се додека не и докажал…
Сето тоа го напишала во книгата, а ова се 8те клучни работи кои тој и ги раскажал за смртта:
1. Прво што се случи беше благосостојба. Штом ќе умрете, извлечени сте од своето тело во Комора за лечење. Светлината на таа комора ги брише сите недостатоци кои сте ги трпеле во текот на својот живот – физички, ментални и емотивни. Така за дел од наносекунда целата ваша болка исчезнува.
2. Сеуште имате чувство дека сте вие. Иако повеќе го немате своето тело, сеуште се чувствувате како индивидуа. Дури многу повеќе отколку додека сте биле живи. Додека сте на Земјата, на вас многу влијаат другите и немате доволно простор да бидете свои.
3. Светлината има личност. Во задгробниот живот, зраците светлина имаат квалитети како мудрост, добрина, сочувство и интелигенција. Светлината овозможува она што е невидливо на Земјата да биде видливо. Божјата природа на се што постои.
4. Гревот и казната се човечки концепт. Постојат разни приказни за тоа што не чека кога ќе умреме. Грешките што ги правиме додека сме живи се дел од договор. Ако требаше да бидеме совршени за да влеземе во таканаречениот рај, местото би било празно.
5. Животот на Земјата исто така не е казна. Секако во животот има и страдање, но не бидејќи некој направил нешто лошо, па заслужил. Болката е дел од човечкото искуство, природно како и дишењето, видот и циркулацијата.
6. Кога ќе умрете нема суден ден. Кога ќе го погледнете својот живот, го гледате патот по кој сте можеле да одите. Знаете кога сте постапиле правилно, во кои ситуации сте можеле да изиграте подобро, но не чувствувате осуда поради тоа. Кога ќе умрете, дури тогаш ќе сфатите дека сте имале прекрасен живот, без разлика што некои делови биле тешки.
7. Задоволни сте со својот изглед. Не сте оптеретени со тоа како изгледате. Немате желба да изгледате поинаку. Едноставно вие зрачите, без напор.
8. Љубовта не е иста како на Земјата. Не ве сакаат поради она што го правите, поради тоа како изгледате, колку сте славни или поради парите кои ги заработувате. Љубовта навистина е безусловна. После животот на Земјата постои совршено сочувство и без разлика на тоа како сте живееле, вие сте сакани.
01.07.2014 - 20:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега