ФЗОМ целосно го подржува Предлог законот за прекинување на бременоста
ФЗОМ целосно го подржува Предлог законот за прекинување на бременоста доставен од Владата на Република Македонија.
-Особено сакаме да истакнеме и да го поздравиме фактот дека со овој предлог на Закон не се ограничува правото на избор на жената за предвремено прекинување на бременоста, туку истото е оставено како апсолутна категорија на личен избор, согласно предложениот член 2, став 1 „ Прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена„. Со оваа одредба Македонија сеуште се вбројува во земјите кои што имаат полиберален пристап во регулативата на оваа сензитивна материја, стои во соопштението од ФЗОМ.
Фондот за здравствено осигурување го подржува секој закон кој што е во прилог на промоција на заштитата на здравјето и унапредување на правата на пациентите.