Ѓоковиќ: Сакам во мир и среќа да го прославиме венчавањето со Јелена
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата свршеница Јелена Ристиќ ги прават последните подготовки за свадбата која ќе биде одржана на 9-ти и 10-ти јули на Свети Стефан. За таа прилика, Новак истакнува дека тој и Јелена сакаат приватност на свадбата.
- Искрено, ја разбирам потребата медиумите да известуваат за сите професионални, па и за приватните случувања на јавните личности. Сепак постојат моменти кои, ние во кои се насочени објективите сакаме максимално да ги задржиме за себе. Единствено што сакам е во мир и среќа да го прославиме венчавањето. Мирно, со најблиските пријатели со кои во минатото сме делеле добри и лоши моменти, вели Новак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа