СДСМ само формално ќе учествува во работата на Собранието
СДСМ само формално ќе учествува во работата на Собранието се додека власта не го исполни својот дел од политичкиот договор од 1 март, изјавија денеска од партијата.
- Се додека не препознаеме искрена политичка волја кај власта за разрешница на овие суштински прашања, СДСМ своето учество во Собранието ќе го сведе на формално, со што од една страна нема да ги загрози ЕУ и НАТО интеграциите на РМ, но истовремено нема да дава легитимитет на власта, наведуваат од СДСМ.
- Од страна на власта не е исполнета ниту една преземена обврска, ниту иницирање на постапка за измени на Собранискиот деловник преку градење консензус, ниту измени на изборното законодавство со вклучување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ниту пак формирањето на Комисијата за истражување на настаните на 24-ти декември,додаваат од СДСМ.