Преку фотографија дознајте дали сте болни

Преку една фотографија, откријте дали сте болни.

Софтверот е заснован на технологија за препознавање на лица, иста како таа која ја користи Фејсбук и која прави опис на структурата на лицето на основа на аглите на очите, носот, устата и други карактеристики.

Компјутерскиот програм бил развиен на Универзитетите во Единбург и Оксфорд и анализира лица на пациенти на семејни фотографии, па на тој начин дијагностицира ретки генетски заболувања.

Софтверот е заснован на технологија за препознавање на лица, иста како таа која ја користи Фејсбук и која прави опис на структурата на лицето на основа на аглите на очите, носот, устата и други карактеристики.

Додека поединечните генетски пореметувања се многу ретки, програмот ја погодува секоја 17-та личност, од кои една третина имаат симптоми кои во голема мерка го намалуваат квалитетот на животот. Во поголем број случаи, генетското пореметување не се открива.
"Дијагностицирањето на ретки генетски болести може да биде голем чекор", вели др. Кристофер Нелокер од Советот за медицински истражувања во областа на функционалната геномика на Универзитетот Оксфорд. На овој начин на родителите им се дава извесна сигурност, а воедно се предупредени и за ризикот на останатите деца. Покрај тоа може да се дознае колкава е веројатноста болеста да е наследна.

"Дијагнозата исто така може да ја олесни проценката за начинот на напредување на болеста, или да покаже кои симптоми ги предизвикува генетското пореметување", објаснува овој експерт.

Според тимот кој ја развил апликацијата лекарите еден ден треба да бидат во можност да го фотографираат пациентот со паметен телефон и со компјутерска анализа да утврдат од кое генетско пореметување боледува.

01.07.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега