Тодоров: Абортусот не се забранува - измените во законот го штитат здравјето на жената

Предлог-законот со кој се предвидува жените само еднаш годишно да можат да абортираат, нема за цел да скрати нечие право или некому нешто да му наметне. овој предлог-закон е во 99% идентичен со законот кој е на сила веќе 37 години. Министерот за зддравство Никола Тодоров вели дека одлуката за абортус ќе продолжи да биде слободно право и избор на жената.

-Абортусот и натаму може да се врши само во болничка здравствена установа за да се заштити здравјето на жената од несакани компликации. Со новиот предлог-закон Македонија останува во земјите кои на либерален начин го регулираат прекинот на бременоста. Исто како и во сегашниот закон не се бара согласност од сопругот или родителите, туку тоа и натаму е слободна одлука на жената, а одредени ограничувања има само во ситуации во случај да биде загрозено здравјето на жената. Постоењето на две комисии е регулирано и со сегашниот закон, објаснува Тодоров.

Тодоров објасни дека самата трудница одлучува дали ќе изврши абортус, но, со измените, им се овозможува на жените повеќе да се информираат пред да ја донесат одлуката.

Измените во Законот предвидуваат:

-задолжителен УЛТРА-звук пред абортусот

-советување и објаснување пред самата процедура

-период од 72 часа до извршување на абортусот

Овој Закон единствено се носи за да се корегираат застарените идеошки поими. На пример - здравствена организација на здружен труд се менува во Јавна здравствена установа (ЈЗУ).

Нема основа измените во законот да се нарекуваат забрана за абортирање, објаснува министерот Тодоров. Тој потенцира дека пациентката, како и досега, ќе се упатува на првостепена стручна комисија исклучиво доколку докторот констатира дека е загрозено здравјето и животот на пациентката со извршување на оваа хируршка интервенција. 

 

 

најчитано сега