Еве за колку поскапува струјата

Тарифините потрошувачи од денеска ќе плаќаат за 3,47 отсто поскапа цена за потрошената електрична енергија, одлучи вчера  Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на струјата за домаќинствата ќе важи до 1 јули идната година. Eднотарифните домаќинства ќе плаќаат по 4,48 денари за потрошен киловат час електрична енергија, а двотарифните 5,59 денари за дневната тарифа и 2,8 денари за ноќната.  

Како што вчера информира престедателот на РКЕ, Димитар Петров, од вкупното зголемување, 1,52 проценти се за ЕЛЕМ, 0,66 за МЕПСО и 1,29 проценти за ЕВН Македонија.

01.07.2014 - 09:38
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега