Никола Саркози на сослушување во полиција

Никола Саркози, поранешниот француски претседател од изутринава се наоѓа во просториите на судската полиција во Нантер, јави дописникот на МИА од Париз.

Според француските медиуми, засега не се знае дали Никола Саркози е повикан на сослушување само како сведок или пак му е изречена мерка притвор.

Неговото појавување пред истражните органи, следува само еден ден откако Првиот генерален адвокат на Касациониот суд на Франција (Врховен суд) Жилбер Азиберт, вчера беше уапсен во неговиот дом во Бордо.

За него и за уште еден висок судски функцинер постои сомневање дека доставувале на Никола Саркози доверливи информации поврзани со случајот Бетанкур, во кој се споменува името на поранешниот француски претседател како можен корисник на фиансии од најбогатата Французинка. Покрај овој висок судски функционер на кого му е изречена мерка притвор, уапсен е и адвокатот на Никола Саркози Тјери Херцог со исто обвинение.

01.07.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега