Македонец казнет со 400 евра на автопат во Хрватска: Нема да ви се верува колку возел

Хрватските полицајци со тнр. пресретнувачи во саботата имали полни раце работа на автопатот Брегана – Липовац, а рекордер во претераното притискање на гаста бил државјанин на Македонија кој возел дури 246 километри на час, пишува Дневник.

Тој бил запрен од полицијата кај местото Поповача, пишуваат хрватските медиуми. На лице место бил казнет со 3.000 куни и добил забрана за користење на возачката дозвола во Хрватска во наредните година дена.

30.06.2014 - 23:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа