ФОТО: Гол во кабинетот на министерот за правда

Гол до половина, со црна шајкача на главата - така изгледа Никола Савиќ, кандидат за шеф на кабинетот на српскиот министер за правда Никола Селаковиќ, открива Блиц.

Иако се прослави со фотографијата со снајперот од кој е убиен поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а која ја беше поставил на својот Фејсбук-профил на десетгодишнината од убиството на премиерот, Никола Савиќ може да се пофали со уште фотографии од својата галерија. Како што коментира Блиц, оваа со шајкачата и со идниот министер во црна маичка, би можела да послужи како корица за плоча на "Рокери с Мораву", а најверојатно била на Фејсбук-профилот на Српското културно коло "Деспот Стефан Лазаревиќ" чиј основач е Савиќ, но во меѓувреме оттаму е отстранета.
На фотографијата, снимена најверојатно во мај 2012 година, на Савиќ друштво му прават Никола Селаковиќ, кој тогаш се уште не беше министер, и уште две момчиња, сите со шајкачи и држејќи српска тробојка со знакот на Српското културно коло. Фотографијата е снимена некаде во Македонија за време на патувањето што го организирало друштвото по повод одбележување на стогодишнината од Првата балканска војна.

30.06.2014 - 23:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега