Мајка и син загинаа во тешка сообраќајка вечерва

Мајка и син загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 21:30 часот на Ибарската магистрала во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на се уште неофицијални информации, до несреќата дошло кога автомобил директно се судрил со камион. Во несреќата повредени се уште две лица. Маж и дете на возраст од 5 години итно се префрлени во болница, но нема информации за нивната состојба.

30.06.2014 - 22:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега