Работи кои не ги знаете за смртта- ги открива жената на којa и се јавил мртвиот брат!

Авторката на книгата "The Afterlife of Billy Fingers", Ени Каган, ниту сама не си верувала на својот здрав разум кога слушнала дека и' се обраќа мртвиот брат, но тогаш...

"Кога мојот брат Били ме разбуди три дена откако тој почина, опишувајќи ми што му се случило по смртта мислев дека се поздравив со мојот здрав разум", напишала Ени Каган, авторката на книгата "The Afterlife of Billy Fingers" во која ги изнесува сите податоци кои тој и' ги раскажал, пренесуваOM Times.

Нејзиниот брат, инаку зависник, починал трагично. Неколку дена по смртта и' се обратил од "животот после смртта", а таа не можела да поверува што се случува се додека не и' приложил убедливи, конкретни докази.

Сето ова го напишала во својата книга, а еве ги 8-те клучни работи кои и' ги кажал во врска со смртта:

1. Првата работа која се случува е благосостојба. Штом ќе починете, го напуштате своето тело и одите во "комората за лекување". Светлата во оваа комора ги бришат сите потешкотии кои сте ги претрпиле за време на животот - физички, ментални, емотивни. Па така, за помалку од една наносекунда сите ваши болки исчезнуваат.

2. Се' уште имате чувство дека тоа сте вие. Иако повеќе го немате своето тело, се' уште се чувствувате како индивидуа. Всушност, повеќе се чувствувате како вас самите отколку билокога додека сте биле живи. Додека сте на земјата, на вас многу влијаат другите луѓе и немате време да бидете сами.

3. Светлината има личност. Во задгробниот живот зраците светлина имаат квалитети како мудрост, добрина, сочувство и интелегенција. Таа светлина овозможува она што е невидливо на Земјата да стане видливо, божествената природа на сите нешта.

4. Гревот и казнувањето се човечки концепт. Постојат секакви приказни околу тоа што не чека откако ќе умреме. Грешките кои ги правиме додека сме живи се дел од договор. Да мораме да бидеме совршени за да стигнеме до рајот, таму не би имало никој. 

5. Животот на земјата исто така не е казна. Секако, има и страдање, но не бидејќи некој направил нешто за да го заслужи страдањето. Болката едноставно е дел од човечкото искуство, исто како што е дишењето, гледањето или протокот на крв низ телото.

6. Кога ќе умрете нема суден ден. Кога ќе го погледнете својот живот ќе го видите патот по кој би можеле да одите и оној кој сте го одбрале. Ќе видите во кои ситуации сте одиграле паметно, а кога сте можеле да одиграте многу подобро, но не чувствувате грижа на совест поради тоа. И иако можеби сега вам тоа нема да ви има многу смисла, но кога ќе умрете ќе сфатите дека сте имате прекрасен живот, иако некои негови делови биле многу тешки. 

7. Среќни сте што изгледате како што изгледате. Нема да бидете преоптоварени со начинот на коj изгледате. Нема да настојувате било што да промените кај себе. Едноставно ќе зрачите, без никаков напор.

8. Љубовта не е како на земјата. Тука не ве сакаат поради работата со која се занимавате, како изгледате, колку сте популарни или колку заработувате. Не може некој до вчера да ве сакал, а денес повеќе не. Љубовта е навистина безусловна. По животот на Земјата постои совршено сочувство и без оглед на тоа како сте живееле, вие тука сте сакани.

Извор: Точка

30.06.2014 - 20:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа