Зошто жените доживуваат оргазам?

Покрај очигледниот сјај, здраствените придобивки кои ги носи оргазмот се последица на ослободување на окситоцин и ендофрин - хормоните од кои жените се чувствуваат убаво.

 

Никој не знае зошто жените доживуваат оргазам. Научниците велат дека оргазмот помеѓу женките од другите видови речиси и не постои.

Можеби тие грчеви кои се случуваат за време на оргазмот ги поместуваат сперматозоидите кон репродуктивниот тракт. Можеби оргазмот им помага на жените повеќе да се приврзат кон своите партнери.
Жените кои доживуваат оргазам велат: Кој воопшто го интересира? Оргазмот сам по себе претставува задоволство кое и' е навистина потребно на модерната жена.

Покрај очигледниот сјај здраствените придобивки кои ги носи оргазмот се последица на ослободување на окситоцин и ендофрин - хормоните од кои жените се чувствуваат убаво. Овие хормони допринесуваат за релаксација, топлина и блискост и автоматски го намалуваат нивото на стрес и се борат против болки и депресија. 

Проблемот е кога оргазмот некои го гледаат како единствената цел на сексот, а не како шлаг на превкусната торта.

Истражувањето, спроведено од страна на таткото на сексуалните истражувања - Афред Кинси, дало резултати дека една од четири жени не може да доживее оргазам за време на првите неклку години брак, додека 47% од жените кои се во брак 20 години, речиси секогаш доживуваат оргазам (но имајте на ум дека ова истражување е спроведено во почетокот на 60-тите години на минатиот век).

Кинси тврди дека речиси 90% од жените успеваат да доживеат оргазам на некој начин барем еднаш во текот на животот. 

Други истражувања, меѓу кои и едно поголемо кое било спроведено на 100.000 жени, дало резултати дека помеѓу 53 и 63% од жените доживуваат оргазам редовно, иако не мора да значи дека го доживуваат за време на сексуален однос со партнерот.

По менопаузата, падот на естрогенот е одговорен за вагиналните промени кои влијаат на неможноста да се доживее оргазам.

Извор: Точка

30.06.2014 - 20:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа