Франција оди во четвртфинале

Французите успеаа да ја совладаат Нигерија со 2:0 благодарејќи на грешките кои ги направија фудбалерите на африканската репрезентација.

Грешките на Виктор Енјама и Џозеф Јобо ги чинеа елиминација.

 

Првиот гол на утакмицата падна во 79-та минута кога голманот Енјама со лоша проценка и лошата интервенција практично му ја намести топката на главата на Погба кој рутински ја смести во неговата мрежа.

Во втората минута од судиското надополнување Јобо лошо интервенираше и постигна автогол за конечни 2:0 во корист на Франција.

 

Селекцијата на „Триколорите“ во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Германија – Алжир кој се игра вечерва со почеток во 22:00 часот.

30.06.2014 - 20:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа