Го молев Господ да не шутирам пенал против Чиле- се отвори Силва

Изведувањето на пеналите може да биде многу стресно за фудбалерите, посебно на натпревар кој е одлучувачки за нив.

 

 

Капитенот на репрезентацијата на Бразил, Тиаго Силва не сакал да шутира пенал на натпреварот против Чиле.

„Изведувањето на казнените удари претставува голема одговорност и да се постигне гол пред домашната публика е голема работа. А јас промашив два од последните три пенали кои ги изведував и го молев Господ селекторот да не ме избере за изведувач“, откри Тиаго Силва и додаде:

„Но селекторот ме постави како шести изведувач, па јас го замолив да ме стави да шутирам последен, дури после голманот Жулио Цезар“, откри Тиаго Силва.

30.06.2014 - 20:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега