Го закла татка си но наместо во затвор ќе лежи во лудница

34-годишниот С.М. од српско Неготино, ноќта за Нова година го закла својот татко инаку финансиски полицаец во пензија, 67-годишниот Г.М.

Според резултатите од вештачењето за време на убиството, сторителот бил непресметлив.

Обвинителството, сепак нема  да тужи, туку му предложи на Судот убиецот да биде испратен на лечење во специјализирана болница.

Инаку, С.М. откако дошол да прослави со родителите, прво ја нападнал мајка му со чекан, но таа успеала да побегне.

Потоа, со стакло кое испаднало од скршената врата, го заклал својот татко.

Според неофицијални информации, тој боледува од шизофренија.

30.06.2014 - 17:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега