ОДМАЗДА: Оваа девојка со СИДА заразила 324 момчиња

 

19- годишната студентка од Кабарак, Универзитетот во Накур во Кенија, заболела од ХИВ при незаштитен однос па одлучила да им се одмазди и оваа ужасна болест да им ја пренесе преку секуален пат на 2.000 мажи.

Неименувата студентка својата приказна ја раскажала за Фејсбук страницата "Kenyan Scandals", а во шокантната изјава признала дека до сега со ХИВ заразила 324 мажи, од кои 156 биле нејзини колеги, додека останатите биле познати личности, адвокати, оженети мажи и политичари. 

"Ништо нема да ме спречи да ја завршам својата мисија", наведува студентката која одлучила да ја сподели својата приказна откако во Фејбук групата и' ветиле дека нејзиниот идентитет ќе остане неоткриен. Сепак, кенискиот Daily Post објавил нејзина фотографија заедно со Фејсбук профилот и со статија за оваа приказна.

30.06.2014 - 16:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега