Бегале од затвор - чуварите им дале крем за сончање

На двајца затвореници кои во обид да побегнат од затвор останале заглавени на покривот на казнено-поправниот дом, чуварите им дале крем за сончање, за да не изгорат на силното сонце.

Според „Дејли меил“, таа неверојатна сцена се случила на 19 јуни во затворот Дартмур, на југозапад во Велика Британија.

Властите се правдаат дека со тој гест, чуварите „се грижеле за здравјето на затворениците“.

Портпаролот на Здружението на затворски чувари оцени дека таквата одлука е неодговорна и може да поттикне други затвореници „да се качуваат на покривот за да се сончаат“. 

30.06.2014 - 16:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа