Србија годишно губи по 30.000 луѓе

Годишните загуби во природниот прираст во Србија се преку 30 илјади луѓе, соопшти денеска Републичкиот завод за статистика. Тоа значи дека годишно се губи по една општина со големина колку и Ќуприја, наведуваат надлежните.

Бројот на живородени во 2013 година во Србија е 65.554 додека бројот на починати е речиси двојно поголем – 100.300.

Тие податоци укажуваат дека продолжува негативниот природен прираст кој изнесува -4,8 промили, соопшти РЗСС.

Само осум општини во Србија имаат позотивен природен прираст – Нови Пазар, Тутин, Прешево, Бујановац, Нови Сад, Сјеница и белградските општини Звездара и Сурчин. 

30.06.2014 - 15:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа