Косово го кани Суарез

Луис Суарез доби понуда да настапува за косовскиот тим Хајвалиа додека не му истече четиримесечната суспензија изречена од ФИФА.

Според последните информации, Барселона се обидува да дојде до потписот на овој одличен напаѓач, а во меѓувреме се надеваат дека неговата казна ќе биде намалена, со оглед на тоа дека Ливерпул, но и Фудбалскиот сојуз на Уругвај најавија жалби.

Косово се уште не е полноправна членка на ФИФА, па поради тоа казната на Луис Суарез не важи за ова првенство.

-Суарез може да игра тука во наредните четири месеци, изјавил Џавид Пацоли, клупскиот директор на Хајвалиа за косовските медиуми, а пренесува британскиот „Телеграф“.

 

30.06.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа