ВИДЕО: Полицијата со хеликоптер спаси повреден моторџија на Солунска Глава

Вчера околу 12:20 часот по претходна пријава од граѓанин на Солунска глава, односно на м.в.„Солунско поле“, при движење на група од неколку лица со моторцикли, меѓу кои бил и Игор Додевски (1979) од Скопје, истиот паднал на непристапен терен, при што се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на лева рака и нога).

По примената пријава веднаш е постапено од страна на припадници на единицата за специјални задачи, 35-годишниот Додевски безбедно е транспортиран до Ургентниот центар во Скопје, Оддел за трауматологија, каде е задржан на понатамошно лекување и се наоѓа вон животна опасност.

30.06.2014 - 14:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега