Еве го последниот предлог на РКЕ - колку поскапо ќе ја плаќаме струјата од утре?

За 3,47 проценти да се зголеми цената на електричната енергија, предлага Регулаторната комисија за енергетика, која денеска ќе ја донесе конечната одлука за поскапувањето.

Новата цена на струјата ќе важи од утре до 1 јули идната година.

Предлогот на РКЕ предвидува новата цена на струјата за еднотарифните домаќинства да изнесува 4,48 денари по киловат часови, а за двотарифните 5,59 денари со 2,8 денари.  

Со предлог-одлуката на РКЕ, информираше претседателот на Комисијата Димитар Петров, не се задоволни енергетските компании ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ кои побарале поголемо зголемување поради поголемите трошоци.

- Сметаме дека нашата предлог-одлука ги зема предвид сите ризици по однос на либерализацијата, како и сите оние ризици, според нив, во делот на влијанието на енергијата на обновливите извори, оперативните трошоци во текот на производството,.... истакна Петров.

Од вкупното зголемување, 1,52 проценти би биле за ЕЛЕМ, 0,66 за МЕПСО и 1,29 проценти за ЕВН Македонија.

30.06.2014 - 14:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега