Еве што велат адвокатите на обвинетите во „Монструм“ по денешната пресуда

Пресудата со која шестмината обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор е базирана на неосновани сомнежи и без црвсти докази, сметаат адвокатот на обвинетите и бранителот на обвинетиот Сејди Рама, кој е единствениот кој доби ослободителна пресуда.

Според адвокатот Насер Руфи откако ја слушна пресудата изјави дека судството не е независно.

- Оваа пресуда е базирана на неосновано сомнение, нема никакви докази и образложенијата тераат на големи сомнежи на владеењето на правото. Ќе ја обжалиме пресудата во рок од 15 дена, вели Руфи во изјава која ја пренесува А1Он.

И адвокатот Соколов незадоволен од пресудата, вели дека судот не понудил ниту еден цврст доказ.

- Јас не можам да бидам среќен бидејќи сите други ги прогласија за виновни. Можеби имаше индиции, но не и цврсти докази. Од самиот почеток до крајот го следев предметот и не видов доказ кој ќе укаже во тој правец дека сите други обвинети го сториле убиството, вели на Соколов.

Според Бедри Ајдари, братот на обвинетиот Фејзи Азири, тој бил осуден уште на 1. мај 2012.

- Со тоа се докажува дека судијата само ги исполнува желбите на врвот на државата. Ова е голема неправда и не води кон нигде. Ќе се задоволи ли правдата ако се осудат невини луѓе. Се случи тоа што беше објавено на 1 мај 2012, а денеска беше само објавено. Ќе се жалиме преку други судови, но доста сме поучени од претходните случаеви, па не очекуваме било што, вели Ајдари пренесува А1Он.

 

30.06.2014 - 13:47
Фото: 
Vesti.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега