Поволна летна понуда од ТТК Банка
Во текот на летниот период граѓаните имаат можност да аплицираат за производите и услугите на ТТК Банка со пониски трошоци и по поволни услови.
Тоа се однесува пред сè на потрошувачките и станбени кредити на ТТК Банка со ниски каматни стапки, VISA Classiс кредитна картичка без членарина за првата година, електронско банкарство без надоместок за приклучок, како и атрактивни пакети за СМС/e-mail известување.
Ненаменскиот потрошувачки денарски кредит Премиум Смарт, ТТК Банка го нуди со најниска фиксна каматна стапка од 6,3% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, и тоа без жиранти за износи до 600.000 денари, во зависност од месечните примања.
Дополнително, Супер станбениот кредит ТТК Банка го нуди со атрактивна фиксна каматна стапка од 4,9% во првите три години, односно 6,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период со само 10% сопствено учество, без трошок за проценка за првата година и грејс период до 12 месеци.
За сите новини во текот на летото, во секое време корисниците можат да се информираат на www.ttk.com.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа