На врата им дошол камен пијан кумановчанец - ќе ги убиел за 4.000 денари

51 годишниот М.М. од кумановско Карпош си заработи кривична пријава откако на 23. мај се заканувал на негови соселани кои наводно му должеле пари.

Спроед информациите од МВР, вечерта на 23. мај кумановчанецот “камен“ пијан се појавил во куќата на 61 годишниот М.М. Тие почнале да се расправаат околу наводен долг и во еден момент 51 годишникот се збеснал, извадил пиштол и го вперил во својот соселанец. Синот на М.М. ја спасил ситуацијата и му дал 4.400 денари на бесниот кумановчанец, кој задоволно си заминал.

 

30.06.2014 - 13:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега