Банда стари к.... синови“ - уругвајскиот претседател се збесна за казната на Суарез

Уругвајскиот претседател Хосе Мухиха ги навреди челниците на ФИФА нарекувајќи ги „банда стари к...синови“.

- ФИФА е банда стари к.... синови, изјави Мухиха во интервју за уругвајската Национална телевизија.

Тој беше огорчен поради исфрлањето на Луис Суарез од Мундијалот поради тоа што на натпреварот против Италија пргавиот фудбалер на Ливерпул го гризна одбранбениот фудбалер на „азурите“, Џоржо Кјелини.

- ФИФА може да казнува, но не и да одредува фашистички казни, изјави Мухиха.

На прашањето на новинарот дали смее да ја емитува неговата изјава со која навредливо зборува за ФИФА, Мухиха одговори потврдно.

30.06.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега