Дожд, грмежи, силен ветар и снег - силно невреме во Словенија

Силно невреме ја погоди Словенија. Пороен дожд, ветар и грмежи ја погоди ноќеска и утрото Словенија, а на Кредарица, што се наоѓа на 2.514 метри надморска висина паднаа 10 сантиметри нов снег.

Републичкиот центар за известување во изминатите 12 часа соопшти за повеќе удари од гром кои во некои подрачја предизвикаа пожари.

Словенечки медиуми јавуваат за голем број искршени и искорнати дрвја во Љубљана. Хидрометеоролошкиот завод соопшти дека е можна и појава на лизгање земјиште. 

30.06.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа