Белгиецот не знае дека му загинала сопругата - еве што се случува по стравичната несреќа кај „Богородица“

60 годишниот Белгиец кој заработи тешки повреди во сообраќајката која утрово се случи пред Гевгелија, за околу половина час, со возило на Итна помош треба да биде пренесен на скопскиот Ургентен центар, јавува Република.

Белгискиот државјанин беше тешко повреден, откако утрово околу 7:30 часот со својата „Тојота - авенсис“ се судрил со празна цистерна. Со него во автомобилот била неговата сопруга, која за жал им подлегнала на повредите. Според првичните наоди на истражителите, дознава Република, најверојатно до несреќата дошло откако пукнала предна гума на Тојотата. Странецот изгубил контрола над возилото и се забил во цистерната која минувала крај него.

Според Република, Белгиецот бил пренесен во гевгелиската болница. Тој бил контактибилен и бил свесен дека е во болница, но, не се сеќавал на ништо по несреќата. Тој и неговата сопруга биле пензионери кои се враќале дома од летување во Грција. Лекарите, пишува Република, ќе почекаат состојбата на Белгиецот да се стабилизира за да му соопштат дека неговата сопруга загинала во сообраќајката.

 

 

 

30.06.2014 - 12:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега