Некој ќе “лапне“ стан: Седмо извлекување на „Фискална во рака - награда без мака“

Седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ ќе се одржи вечерва, а ќе се пренесува на Македонската телевизија. Преку 2 милиони пликоа се во трка за стан, деловен простор, автомобил и бројни парични награди.

Главната награда во новото извлекување е стан во скопски Аеродром од над 50 метри квадаратни, дуќан во Аеродром и автомобил „пежо 208“ и други бројни награди ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра.

Во извлекувањето учествуваат сите пликови со 20 фискални сметки кои се издадени по 15 ноември 2013 година и кои се испратени на адресата на Државната лотарија на Макдонија за ова извлекување, како и сите пликоа испратени за учество во наградната игра во претходните извлекувања.

Досега од наградната игра која ја приредува Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.

30.06.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа