Уапсени пет лица поради завера за дестабилизација на банките во Бугарија

Буграските власти денеска соопштија дека уапсиле три лица под сомнение дека ковале завера за дестабилизација на бугарскиот банкарски систем по пат на ширење на лажни информации за состојбите на комерцијалните банки во земјата.

Под исто обвинение вчера се уапсени уште две лица. Кривичната пријава е покрената откако голем број клиентите во петокот се обиделе да ги повлечат своите заштеди од  втора по големина банка во Бугарија „Првата инвестициска банка“.

Бугарската Централна банка минатата недела ја презеде четвртата по големина банка „Корпбанка“, откако клиентите поттикнати од написите на интернет и во медиумите за сомнителното работење на банката, почнаа да ги повлекуваат своите заштеди.

Буграскиот премиер Пламен Орешарски, претседателот Росен Плевнелиев и претставници на Централната банка апелираа до бугарските граѓани да не паничат и да имаат доверба во интегритетот на бугарскиот банкарски систем. 

29.06.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега