ФИФА ќе го суспендира Сколари поради навредите врз Видал
Момет кога ФИФА треба да докаже дека нема двојни аршини.
Бразилскиот селектор, Луис Фелипе Сколари е пред суспензија поради навредите на мечот Бразил-Чиле упатени кон чилеанскиот Артуро Видал.
Сколари го пцуеше Видал, а сето тоа беше уловено од камерите. Сколари на Видал му се обрати со зборовите “hijo de puta”, што на бразилски значи „кучкин син“.
Правилата велат дека Сколари треба да добие суспензија од најмалку еден меч и парична казна.
ФИФА сега треба да биде доследна на правилата и да докаже дека нема двојни аршини, па како што Суарес предвреме го заврши мундијалот така и Сколари треба да добие казна и да не го предводи Бразил на четврт-финалниот меч против Колумбија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа