По ова момче трага цела Америка
За повеќе фотографии кликнете на сликата
Специјалната едница на ФБИ се обидува да ја преземе зградата во која се наоѓа Џокар Царнаев, вториот осомничен за експлозиите на Бостонскиот маратон. Градот е блокиран, околу 10.000 полицајци го бараат 20 годишното момче. Лондонски „Тајмс" на својот сајт стави информација дека органите на редот во САД стравуваат дека Џохар Царнаев ставил експлозиви на своето тело. Неговиот брат, Тамерлан Царнаев, во текот на изминатата ноќ загина од повредите што го доби при обидот на полицијата да го упаси, а според медиуми, на неговото тело имало експлозиви. Чичкото на осомничениот Царнаев, Руслан Царни, денеска го повика да се предаде и да замоли за прошка, пренесоа американските медиуми.
Царни, кој 10 години живее во САД, уверува дека со години не ги имал видено своите внуци Џокар и Тамерлан Царнаеви. Непосредно пред експлозијата на маратонот, Џокар Царнаев на својот Твитер профил поставил цитат од песна на Џеј-Зи „Ain't no love in the heart of the city, stay safe people" (Нема љубов во срцето на градот, чувајте се)