Репрезентативците на Чиле горди си одат дома

 

Репрезентацијата на Чиле синоќа на пенали загуби од домаќинот на СП Бразил, но и покрај елиминацијата Чилеанците се задоволни од прикажанато на Мундијалот.

- Среќата не беше на наша страна. А бевме толку блиску до четвртфиналето. Ама топката едноставно не сакаше да влезе. Можеби ова беше натпревар на кој не ни беше судено да победиме. Многу вложивме на овој турнир и дома си одиме горди со дигнати глави, изјави чилеанскиот репрезентативец Марсело Дијас.

Чиле синоќа во 1/8 финалето загуби на пенали со 3:2, во основните 90 минути беше 1:1, а на истекот на продолженијата (120.минута) Чилеанците ја погодија пречката.

29.06.2014 - 11:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега