Вистински хорор- Главата на љубовникот ја варел на шпорет

 

Банкарскиот работник Мајкл Шнајдер од Германија ги шокираше своите сограѓани и го згрози светот откако го искасапил телото на својот љубовник, а потоа главата му ја сварил на шпорет.

 

За време на бизарни сексуални игри, тој го угушил до смрт својот партнер. На 37-годишниот љубовник, тој му ја откинал главата од телото, ја ставил во сад и ја варел на шпоре во неговиот стан во Берлин.

Полицијата овој грозоморен чин го оцени како „хорор шоу“.

За бизарноста да биде поголема, тој сакал да го зготви и изеде и остатокот од телото. Нозете, рацете и трупот на неговит љубовник полицијата ги нашла низ станот обвиткани во фолија за печење.

Овој монструм е во затвор. Неговата одбрана во судот истакнала дека станува збор за несреќен случај. Тие двајца играле перверзни игри, па овој човек ставил леплива трака на устата и носот на својот партнер. Тој умрел од гушење пред да биде масакриран.

Самиот на себе си ги исекол вените, но Брзата помош го спасила од искрварување.

 

Канибализмот како сексуална фантазија е многу распространет во Грманија.

29.06.2014 - 10:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега