Поради вибратор евакуиран авионот за Сплит

Патниците во авион кој летал  во правец Шведска- Сплит, биле евакуирани откако од една торба се слушнал чуден звук, што го алармирало обезбедувањето.

 

Тие ја пронашле спорната торба и започнале да ја испитуваат, па почувствувале вибрирање.

 

Откако установиле дека не станува збор за експлозивна направа, тие ја повикале сопственичката на торбата.

Девојката на која и се знае само името, Аманда (20), била замолена да ја отвори торбата, а пред сите патници таа извадила вибратор од својата торба.

 

Таа изјавила дека и е навистина непријатно поради случката, но подоцна и се шегувала на своја сметка.

29.06.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега